(ФОТО) АРКАНЗАС – ДЕВОЈЧЕ (3) ПОЧИНАЛО А НЕЈЗИНАТА ПОМЛАДА СЕСТРА СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Најдени се во врел автомобил додека мајка им спиела во куќата

Тригодишно девојче од Арканзас починало а нејзината помлада сестра се бори за својот живот, откако биле пронајдени на задното седиште на автомобил, кој билпаркиран пред нивната куќа. Нивната мајка, во тоа време, спиела во куќата.
Полицијата соопштила дека добила повик околу 14. часот пред мајката Кајли Петченик (21) да рече дека нејзините ќерки исчезнале, пренесува Daily Mail.
Таа пред полицијата рекла дека открила дека нејзините ќерки Лаикн (3) и Оливија (15 месеци) исчезнале кога се разбудила после дремката.
Полицијата веднаш дошла на местото на настанот. Полицаецот тогаш открил дека девојчињата лежат во несвест во автомобилот на нивната мајка.


Постарата девојче е однесена во локалната болница каде е прогласена за мртва, а нејзината помала сестра е во критична состојба и се бори за својот живот.
„Двете се веројатно жртви на топлината“, заклучила полицијата.
Еден сосед зборувал и за овој настан, раскажувајќи како мајката на девојчето ги прашала дали ги виделе нејзините деца.
Тој рекол дека мајката на овие девојчиња работи ноќни смени и тоа е причината зошто таа спиела во текот на денот.
Лекарите апелираат дека децата не треба да останат сами во автомобилот во текот на летните денови. Температурите во автомобилот растат брзо, така што тие можат да станат опасни по здравјето.

Екран.мк/Daily Mail

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(АУДИО СНИМКА) ШОК! Протече СНИМКАТА од брза помош откако Болдвин ја усмртил колешката – Жена вреска и го обвинува ОВОЈ ЧОВЕК!

Слушнете што рекла помошничката сценарист! Невидена трагедија на филмскиот сет се случи кога актерот Алек …