Откако сфатила дека момчето и девојчето што ги посвоиле имаат уште еден член, мајката во Колорадо го посвоила и нивниот биолошки брат. Нејзината приказна ги стопи срцата низ целиот свет.
Една прекрасна жена од Колорадо направила нешто што го остави целиот свет без зборови.
Кејти Пејџ е мајка на две посвоени деца, кои се поврзани. Кога дознала дека имаат и трет напуштен брат, оваа жена веднаш решила да му даде дом.
Оваа жена ги стопи срцата низ целиот свет минатата година кога сфати дека девојчето Хана, чијашто старателка била, ја има истата биолошка мајка како и нејзиниот посвоен син Грејсон, кој е со неа од 2017. година.
Потоа, таа официјално ја посвоила Хана. Мајката случајно дознала дека Хана и Грејсон имаат едногодишен брат, Џексон, кој исто така е напуштен.
„Во моментот кога го зедов во раце, ме преплави среќа. Веднаш реков – ова е нивниот брат, ова е нивното семејство“, ја опишала средбата со својот син.