Пилингот на кожата е одличен начин да се отстранат нечистотиите од вашата кожа, како и да ги отворите порите. Примената на пилинг особено се препорачува во текот на летото.
Во сите подобри веледрогерии ќе најдете широк спектар на пилинзи, но се поставува прашањето зошто да купувате хемикалии кога можете да направите свои природни од докажани состојки.
Пилинг од мелено кафе
Во комбинација со кокосово масло, козметичарите тврдат дека овој пилинг прави чуда. Нанесете го на лицето, тријте во кружни движења и, доколку имате можност, повторете го третманот двапати неделно.
Лимон, мед и шеќер
Лимонска киселина ви помага да се ослободите од акните, митесерите, како и мртвите клетки на кожата. Сè што треба да направите е да измешате лажица шеќер, половина лажица маслиново масло и лажица мед. Исцедете сок од лимон во оваа смеса и добро измешајте. По третманот, се препорачува миење со ладна вода.