Нема што ова овошје не лекува: Го намалува холестеролот, го чува срцето, го јакне имунолошкиот систем и е незаменливо за варењето! И’, тоа не е се!

Дали знаевте дека остатоци од сливи се пронајдени во археолошките ископувања од неолитскиот период заедно со маслинки, грозје и смокви?
Всушност, сливите може да бидат првото овошје кое е култивирано за одгледување и кога ќе ги земете предвид многуте придобивки што ги имаат сливите, ова има совршена смисла.
Слива е плод од родот Prunus. Тие доаѓаат во различни бои и големини. Некои се поцврсти од другите, бојата варира од жолта до бела, зелена и црвена, а најчеста и најпопуларна е црвената. Плодот е сочен и вкусен кога се јаде свеж, но може да се исуши, да се користи за правење џемови или да се додаде во други јадења.
Веројатно сте слушнале за умебоши сливите, кои се користат во јапонската кујна. Тие се нарекуваат и „кисели сливи“ или „јапонски сливи“, но тие во суштина не се сливи, туку солени кисели кајсии.
-Зошто се сливите корисни-
Богат извор на антиоксиданти
Сливи имаат силна антиоксидантна активност. Содржат витамин Ц и фитонутриенти како лутеин, криптоксантин, зеаксантин, неохлорогени и хлорогени киселини. Овој вид храна помага да се спречат одредени оштетувања на клеточно ниво, особено оние предизвикани од оксидација.
Студија објавена во журналот за лекови во 2009. година. покажува дека сливите се богати со природни антиоксиданти и ги штитат гранулоцитите (еден вид бели крвни клетки) од оксидативен стрес. Други придобивки од консумирање сливи вклучуваат побавно стареење, посветла кожа, намален ризик од карцином, детоксикација на организмот и подолг животен век.


Помагаат во варењето на храната
Сливи се добар избор на диетални влакна и помагаат во регулирање на функцијата на дигестивниот тракт. Конзумирањето сливи и друга храна богата со растителни влакна два пати на ден може да помогне во лекувањето на запек.
Сливите содржат растворливи и нерастворливи влакна. Растворливите влакна, кои се наоѓаат во пулпата на овошјето, се распаѓаат во маса слична на лепак, што ги врзува маснотиите, шеќерите, бактериите и токсините и помага да ги исфрлите од телото. Го намалува нивото на шеќер, лошиот холестерол и го подобрува здравјето на кардиоваскуларниот систем. Нерастворливи влакна, кои се наоѓаат во кожата на овошјето, имаат цврсти компоненти кои ги „лупат“ и отстрануваат мукоидна плакета, заробени отрови и други штетни материи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Карфиолот е храна што има ПЕТ супер моќи

Оваа супер храна го заслужува вашето внимание. Ако некогаш сте во дилема што би можеле …