(ВИДЕО+ФОТО) ЈА ПРОДОЛЖИ НИЗАТА СО ТРОФЕИ – ЗИНЕДИН ЗИДАН ЧОВЕКОТ НАРЕЧЕН ТИТУЛА: Претседателот на Реал:„Тој е дар од Бога!“ – Серхио Рамос:„Се што ќе допре претвора во ЗЛАТО!“

Неверојатниот Зинедин Зидан повторно го однесе Реал Мадрид до трофеј.
Неверојатниот француски стручњак и апсолутна фудбалска легенда со „Кралевите“ го достигна 11-тиот трофеј во кариерата, а откако ја освои титулата шампион на Шпанија, не сакаше да ги скрие своите емоции.
Од тие 11 трофеи, Зидан успеа за кратко време да освои 5. од најважните, три Лига на шампиони во низа и две титули на првак на Шпанија.


Она што е особено интересно е дека Реал под Зидан е без елиминација во Лигата на шампионите цели три сезони, и дека ги зеде последните две титули,во ерата на доминацијата на Барселона, под команда на францускиот стручњак.
“Ова е одлична работа и емоциите се огромни. Не е лесно да се победи Ла Лига. Ова е еден од најдобрите моменти во целата моја кариера”, рекол Зидан и потоа продолжи:
“Секогаш ќе бидам благодарен на Флорентино Перез што ме донесе во Мадрид, во најдобриот тим во светот. Приказната продолжува сега”, истакнал Зидан, а каков човек е покажува доволно, што тој не постави ниту еден играч пред некој друг:
„Сите играчи се подеднакво одговорни за овој успех“, јасен е Зидан


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, синоќа истакна дека Зидан е „дар од Бога“ и дека се надева дека ќе постигне уште поголеми работи во иднина.


Капитенот Серхио Рамос исто така не го криеше својот ентузијазам
“Сè што допира Зидан се претвора во злато. Тој е тој што ја направи разликата. Им верува на играчите. Тој е единствен и се надевам дека ќе остане во клубот долго време”, рекол Рамос, додавајќи:
„Титулата е награда за напорна работа. Она што го направивме е навистина голема работа, без оглед на тоа што некој ќе рече. Работата секогаш се исплатува“, објасни Рамос.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Хамилтон во Сочи до 100 -та победа, Норис се коцкаше со дождот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон славеше во трката за Големата награда на Русија. Британецот во …