(ФОТО) АРХЕОЛОГИЈА – ПРОНАЈДЕНА ПАЛАТА НА ЕДЕН ОД ПОСЛЕДНИТЕ ВЛАДЕТЕЛИ НА АЦТЕКИТЕ: Неверојатно откритие длабоко под куќата на познат освојувач во Мексико!

Недалеку од централниот плоштад во Мексико Сити, археолозите пронашле остатоци од кралска палата од времето на античката цивилизација на Ацтеките, откриени под остатоците од куќата која подоцна за себе ја изградил шпанскиот освојувач Хернан Кортес.
Базалтските подови на отворениот простор, кои некогаш биле дел од палатата на владеењето на Ацтечкиот владетел Аксајактал, биле пронајдени длабоко под темелите на една прекрасна градба што се наоѓа денес на тоа место, а чие реновирање во тоа време било во тек.

По падот на Империјата Ацтеките и уништувањето на палатата, Кортес го изградил својот дом на истото место – во близина на денешниот плоштад Сокало, а пронајдени се и материјални докази.
Според Би-Би-Си, веројатно е дека материјалот што претходно бил дел од палатата на Аксајактал бил користен за изградба на куќата на Кортес, чии остатоци биле откриени на длабочина од повеќе од три метри.

Аксајактал владеел од 1469. до 1481. година и е татко на Монтезума, еден од последните владетели на Империјата Ацтеките.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Најлуда свадба во Србија – извадил „зоља“ за да гаѓа јаболко 

Српските свадби ги следат низа обичаи, а еден е да се гаѓа јаболко со пушка. …