(ВИДЕО+ФОТО) Грицкалки од тиквички од рерна

Потребно е:
2 млади тиквички
2 јајца
лебни трошки
брашно
мајчина душица
1 лажичка црвен пипер
оригано
црн пипер
4 чена лук
маслиново масло
пармезан
Подготовка:тиквичките можете да не ги лупите туку само убаво да ги измиете па исечете ги на стапчиња со дебелина од 1 – 2 см.Насолете, измешајте ги и оставете да стојат 20. минути, а потоа убаво исцедете ја водата.
Исечкајте ги сите зачини, а лукот испасирајте го. Во соодветен сад ставете маслиново масло, мајчина душица, црн пипер, лук, црвен пипер, убаво измешајте и полијте ги исцедениет тиквички.
Потоа секое стапче валкајте го во брашно,изматени јајца и лебни трошки.
Тавата за печење покријте ја со хартија (за печење) и наредете ги стапчињта тиквички. По површината наросете им рендан пармезан.
Печете околу 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
Можете да ги сервирате со кисела павлака, сирење…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ – 6. намирници кои е најдобро да ги јадете сирови за максимален здравствен бенефит!

Прочитајте која храна ја губи нивната хранлива вредност за време на термичката обработка… Постои храна …