Откако се омажи за Бени Маден, Камерон Дијаз, на големо жалење на милиони фанови ширум светот, реши да затвори едно поглавје од нејзиниот живот. Таа се повлече од глумата и се посвети на семејниот живот, а сè стана комплетирано на крајот на минатата година, кога парот доби ќерка. Малечката Радикс веќе порасна, па Камерон Дијаз конечно успеала да го реализира својот нов деловен сон.
Заедно со нејзината долгогодишна пријателка Кетрин Пауер, таа влезе во бизнисот со вино, а двете пријателки, под називот „Авалин“, лансираа органски вина без адитиви или какви било животински додатоци. Камерон и Кетрин се решиле на овој потег откако заклучиле дека денес има многу различни вина на пазарот, но сите во нив имаат непожелни состојки.
„Се’ започнува во лозјето, со земјата, и се зависи од тоа како ќе се третира грозјето сè до моментот кога ќе стане вино. Ако не пиете вино со органски одгледувано грозје, вие всушност пиете пестициди и сигурно не сакате тие да бидат во вашето тело“, рекла Камерон Дијаз за InStyle.
Иако многумина мислат дека виното е само ферментирано грозје, актерката родена во Калифорнија брзо научила како омилениот пијалок на многумина всушност може да се направи со повеќе од 70 .различни адитиви.
“Знаете, кога усните ќе ви попримат виолетова боја од црвено вино?” Па, тоа не е природно. Тоа е бојата наречена Мега Виолетова. Луѓето едноставно за себе заклучуваат дека виното што го пијат е веганско, но тоа не е случај. Повеќето од нив се филтрираат преку белки од јајца или рибен меур“, рекла Дијаз, додавајќи дека повеќето вина не се наменети за вегани.
Поради оваа причина, пријателките, кои се запознале преку Никол Ричи, решиле да произведуваат исклучиво органски вина. За да направат совршено вино, наменето за вегани и направено од органско грозје без никакви непотребни адитиви како шеќер, бои и концентрати, тие две патувале низ Европа и вкусиле вина и учеле за нив.
„Изнаоѓањето на вистинското име траеше многу долго и беше лудо. Постојат стотици илјади вина во светот, па повеќето од имињата веќе беа зафатени. Ние ги испишавме хартии и хартии со имиња на децата и ова е единственото што ни се допадна и на двете“, заклучила Камерон Дијаз за името „Авалин.