АГЕНТ 007 – Со 18. илјади гласови повеќе ТОЈ е најдобриот Џемс Бонд на сите времиња!

Според анкетата на порталот LADBible, актерот Даниел Крег е прогласен за најдобар Џемс Бонд досега. Во анкетата, Крег „се борел“ со легендарните актери кои го играле агентот 007, но на крајот,со повеќе од 18.000 гласови повеќе победил во анкетата.
Крег на тој начин ја победил конкуренцијата со 51 процент од гласовите, оставајќи ги Шон Конери (23,9 проценти), Пирс Броснан (16,6 проценти) и Роџер Мур (8,5 проценти) зад него.


Во претходните фази на гласање, Тимоти Далтон брзо испаднал со 3,7 проценти од гласовите, а актерот Џорџ Лазенбај со само 1,5 проценти.
Кога ќе ставите на гласање толку одлични актерски имиња и легендарниот агент, јасно е дека фановите и покрај резултатите, ќе се скараат во коментарите за резултатите.
„Крег не беше дораснат на чизмите на Броснан. Конери, сепак, е едноставно најдобриот Бонд“, заклучил еден обожавател.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ИСКУСТВА ОД ОДМОР ВО ТУРЦИЈА – Убавата манекенка објавила фотографија со крваво лице:„Не сакам да молчам, не претепаа!“

Украинската манекенка Дарија Кирилиук (24) тврди дека била претепана од чуварите на плажата Момо во …