(ФОТО) Новак Ѓоковиќ со семејството се одмора во Сараево: Посета на пирамидите во Високо!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, со семејството пристигнал во Сараево, а одморот го започнал во хотелот „Пино“ на Требевиќ, каде го пречека тимот на порталот Klix.ba.
Ѓоковиќ неодамна се опорави од коронавирусот, а бидејќи оваа инфекција се појави на турнирот „Адрија Тур“, што тој го организираше, неговото првобитно доаѓање во главниот град на БиХ, каде што требаше да одигра егзибиционен натпревар со Дамир Џумхур, бил откажан.

Во моментот, првиот тенисер на светот е сепак во Сараево со семејството, но, не останал предолго во центарот на градот туку веднаш заминал во Требевиќ, каде што се сместил во хотелот „Пино Природа“ и ќе останел таму за време на оваа посета.


Ѓоковиќ во неколку наврати кажал дека има голема желба да дојде во Сараево и дека планира да го стори тоа како последен дел од турнејата на „Адрија Тур“, но откако коронавирусот се појави меѓу тенисерите, турнирот беше откажан, а со тоа и неговото доаѓање во главниот град на БиХ.

Ѓоковиќ, за време на престојот во БИХ ќе ги посети и пирамидите во Високо, а во Сараево ќе престојува до среда. Негов домаќин во Високо ќе биде Семир Османагиќ кој на својот профил на Инстаграм ја документирал средбата со првиот тенисер на светот.

Очигледно Ѓоковиќ чека тренерите од неговиот тим да се опорават од корона вирусот па да ги започне подготовките за следните турнири, а со оглед на тоа дека засега само Ролан Гарос (20. септември) е во план, има простор и за малку квалитетно време со семејството.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …