На 58. години починала глумицата Кели Престон – сопруга на Џон Траволта

КЕЛИ ПРЕСТОН, актерка и сопруга на Џон траволта, починала од рак на дојка на 58. години.
Траволта на Инстаграм потврдил дека неговата сопруга починала.
„Со тешко срце, ве известувам дека мојата убава сопруга Кели ја изгуби двегодишната битка со рак на дојка. Таа храбро се бореше со љубов и поддршка на многумина“, напишал тој.
“Никогаш нема да ги заборавиме љубовта и животот на Кели. ќе поминувам извесно време со нашите деца кои останаа без својата мајка, па простете ми ако не слушите нешто за нас некое време. Знајте дека ја чувствувам вашата љубов во седмиците и месеците пред нас додека се обидуваме да ги излечиме раните”, додал.

View this post on Instagram

Happy Birthday to my loving husband! ♥️🎂 @johntravolta

A post shared by Kelly Preston (@therealkellypreston) on

Портпаролот на семејство за магазинот „People“ изјавил: „Во утринските часови на 12. јули 2020. година, обожаваната сопруга и мајка Кели Престон почина по двегодишна битка со карцином на дојка. Избра својата борба да ја вбоди далеку од очите на јавноста, некое време одеше на емдицински постапки, со поддршка од нејзиното најблиско семејство и пријатели. Таа беше весела, убава душа полна со љубов која се грижеше за другите и оживеа сè што допре. Нејзиното семејство ја моли јавноста за разбирање на приватноста во овие моменти “.

View this post on Instagram

It is with a very heavy heart that I inform you that my beautiful wife Kelly has lost her two-year battle with breast cancer. She fought a courageous fight with the love and support of so many.  My family and I will forever be grateful to her doctors and nurses at MD Anderson Cancer Center, all the medical centers that have helped, as well as her many friends and loved ones who have been by her side. Kelly’s love and life will always be remembered. I will be taking some time to be there for my children who have lost their mother, so forgive me in advance if you don’t hear from us for a while.  But please know that I will feel your outpouring of love in the weeks and months ahead as we heal. All my love, JT

A post shared by John Travolta (@johntravolta) on

Престон и Траволта беа во брак 29. години и имаа три деца, 20-годишната Ела, деветгодишниот Бенџамин и синот Џет, кој почина во 2009. година.
Престон е родена на 13. октомври 1962. година во Хонолулу, Хаваи и се појавила во повеќе од 60 филмови и серии. Меѓу најпознатите е „Џери Мегваер“ од 1996 година.

Кога имала три години, нејзиниот биолошки татко се удавил, а нејзината мајка подоцна се омажила за Питер Палзис, кој ја посвоил Престон. Таа пораснала во Ирак и Австралија и студирала во Калифорнија.
На 16-годишна возраст, таа била откриена од моден агент и започнала со моделинг. Таа исто така се договорила за аудиција за „Сината лагуна“, но улогата на крајот и била дадена на Брук Шилдс. Потоа, го сменила презимето во Престон.

Таа глуми во филмовите SpaceCamp (1986), Близнаци (1988), Џери Мегваер (1996) и За љубов на играта (1999). Последната улога ја играше во 2018 година во филмот Готи, во кој ја играше улогата на Марија Готи, сопругата на мафијашот Џон Готи, когхо го играше Траволта.
Пред нејзиниот брак со Траволта, таа беше во врска со Џорџ Клуни и се свршила со Чарли Шин, а свршувачката наводно била рраскината кога ја застрелал во раката. Престон во интервјуто во 2011. година изјавила дека Шин не ја застрелала.

Со Траволта се запознала во 1987 година, а се венчале во 1991 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …