НАМЕСТО ПРЕДНОСТ ДОАЃА КАКО ПРЕПРЕКА – Колку сте попаметни толку сте поосамени: Еве зошто мажите се плашат од врска со паметни и самостојни жени!

Колку се жените попаметните, длабокоумни, толку им е потешко да најдат сродна душа. Тие можат да одат на многу состаноци, но во одреден момент врската не напредува понатаму. Но, не секој маж е доволно силен да застане рамо до рамо со паметна жена.
Тоа е мислењето на Ранија Наим, која на сајтот „Thought Catalog” објавува многу читани текстови на страницата за проблемите и феномените со кои се среќава во секојдневниот живот – пишува Bizlife.
Таа ги наведува причините зошто мажите не можат да се справат со паметна жена:
1. Паметна жена поставува паметни прашања
Паметната жена ќе сака да разбере што се случува во вашиот живот и зошто се случува тоа што се случува, и таа ќе поставува прашања на кои можеби немате одговор. Дури и на првиот состанок, тие ќе „копаат“ подлабоко во вашиот живот и ќе поставуваат лични и филозофски прашања – и никогаш нема да уживаат во плитки разговори.

2. Паметната жена е искрена
Можеби е премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа нејзиниот интегритет. Ако прашате нешто, таа ќе ви ја каже вистината и истото го очекува и од вас.

3. Паметната жена знае што сака
Или којго сака. Таа веднаш знае дали ви се допаѓа и не мора да „истражува“ или да оди на состаноци за да биде сигурна во нејзините чувства. Нејзиното срце чука за неколку специјални пријатели, кои таа внимателно ги избрала.

4. Паметната жена сака сериозна врска
Сака долги разговори за вашиот живот, таа сака да слуша приказни за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Таа сака вистинска врска што надминува само излегување и забава.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …