(ВИДЕО+ФОТО) РИЗИЧНА ПРОФЕСИЈА: Синот на славниот ловец на крокодили имал незгода – питон го каснал по лицето!

Роберт Ирвин, син на починатиот ловец на крокодили Стив Ирвин, сè повеќе личи на неговиот татко.

И’ тој е заинтересиран за диви животни, па решил да направи документарен филм за нив. Сепак, работите понекогаш не одат по очекуваниот пат.

Роберт неодамна на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како си игра со дијамантски питон, додека го снимал документарецот, пред да го врати во дивината. Сепак, змијата не сакала да си игра, па го гризнала по лицето.
„Откако го спасивме, овој дијамантски питон не потсети на слична ситуација што се случи пред неколку децении во епизодата на документарната серија на ловецот на крокодили. Можеби тие всушност велат ‘благодарам’“, напишал Роберт покрај објавата.
Покрај ова видео, тој сподели и фотографија во која ги споредува неговите рани на лицето со оние кои ги имал татко му Стив.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 26.11.2020: Претерувате во она што го очекувате од саканата личност…

Овен Љубов: Размислете како треба да ги надминете семејните недоразбирања. Вие сте задоволни со насмевката …