Неверојатниот Меси поставил уште еден рекорд

Лионел Меси станал прв играч во историјата на Ла Лига со барем 20. голови и 20 асистенции во иста сезона. Дваесеттата асистенција ја запишал синоќа против Ваљадолид.
Меси со прекрасно додавање меѓу двајца играчи го пронашол Артуро Видал во 15. минута кој уште подобро погодил во спротивниот агол за 1:0.
Единствен играч до сега кој имал барем 20. асистенции во сезоната е неговиот легендарен соиграч Хави во сезоната 2008/2009. До сега никој покрај 20. асистенции немал и барем 20. голови.
Ова го успеал само уште Анри
Единствено уште Тиери Анри успеал да го направи истото во една од петте најјаки фудбалски лиги. Анри постигнал 24. гола и додал 20. асистенции за време на премиерлигашката сезона 2002/2003.
Меси моментално има 22. гола оваа сезона во Ла Лига, четири повеќе од вториот стрелец на лигата, Карим Бензема.
Барселона е на второто место со бод помалку, но и натпревар повеќе, а Реал повторно игра во понеделник со Гранада.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се’ посигурно дека Роналдо го напушта Јувентус: На повидок сензационален трансфер!

Веќе подолго време се шушка, а сега и португалските медиуми пренесуваат дека Кристијано Роналдо е …