(ФОТО) Се свршил синот на Бекам, Викторија не го крие воодушевувањето:„Не можеме да бидеме посреќни!“

БРУКЛИН Бекам, синот на Дејвид и Викторија Бекам, се свршил со својата девојка Никола Пелц по деветмесечна врска.
Среќната вест парот ја споделил со објавување заедничка фотографија на Инстаграм.
“Пред две недели, ја замолив мојот душата да се омажи за мене и таа се согласи. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и најдобриот татко еден ден. Те сакам”, порачал Бруклин.

Никола со слична порака одговори.
„Ме направи најсреќната девојка во светот. Не можам да чекам да го поминам остатокот од животот со тебе. Твојата љубов е мојот најскапоцен подарок. Те сакам многу“, напишала таа.
Среќата не ја криела ниту неговата мајка Викторија, која исто така ги споделила вестите на нејзиниот Инстаграм.

“Највозбудливите новости. Не можеме да бидеме посреќни што Бруклин и Никола имаат намера да се венчаат. Ви посакуваме многу љубов и среќа за цел живот. Ве сакаме и двајцата многу”, напишала таа покрај фотографијата од идните младенци и ги обележала Дејвид и нивните деца.

View this post on Instagram

I Promise to always be by your side ❤️

A post shared by 🇬🇧 (@brooklynbeckham) on

Никола и Бруклин во врска се веќе девет месеци, а колку се луди тие еден по друг, честопати покажуваа на социјалните мрежи.
Во март тие започнале да живеат заедно, после само пет месеци врска. Потоа, Никола се преселила кај Бруклин.
Пред да започне врска со Никол, Бруклин наводно често ги менувал девојките.

View this post on Instagram

i’m dating my best friend and that makes me so happy

A post shared by nicola (@nicolaannepeltz) on

The Sun пишувал дека Бруклин е во врска со полусестрата на Кејт Мос, Лоти, а тие го поврзува со уште две девојки откако ја прекинал врската со манекенката Хана Крос минатото лето.
Тој бил во кратки врски со актерките Натали Ганзхорн и Фиби Торенс, чија сличност со Викторија Бекам ги шокирала Британците.
Никола Пелц е едно од осумте деца на милијардер Нелсон Пелц и поранешната манекенка Клаудија Хефнер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …