(ФОТО) ЖЕНАТА Е ЖЕНА: Професор, д-р Гордана Силјановска Давкова посакува „добар апетит“ со мусака со тиквички!

Покрај сите активности во предизборната кампања професор, доктор, Гордана Силјановска Давкова најде време да подготви и еден нејзин специјалитет со продукти од нашето поднебје…Убаво е да се види кога еден професор и политичар ја истакнува и својата женска страна и ни понуди еден интересен рецепт…
„Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење.
Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка.
Преубаво попладне“, напиша Гордана Симјановска Давков на својот профил на Фејсбук.

За своите следбеници професор д-р Гордана Силјановска Давкова го објави и рецептот:
На дното на тавата се става бешамел сос, потоа се редат домашни македонски јуфки, врз нив се редат тиквички на должина исечени, се покриваат со модар домат, црвен домат, магдонос, толчен лук со маслиново масло; преку нив ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета и бешамел сос и повторно се повторува јуфки, тиквички…. На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно.Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни. Се пече во загреана рерна на 200 Ц., околу 1 час.потоа се открива и се пече додека малку не порумени. Добар апетит народе!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …