(ФОТО) Брз рецепт за сладолед со кикирики и карамел кој ќе го јадете без грижа на совест

Сладоледите за многумина се сладок порок од кого не можат да се откажат, особено преку лето. Некогаш не ни е доволен само еден дневно иако сме свесни дека калориски може да замени појадок или вечера.
За негова подготовка, поради кремозност, главно се користи грчки тип на јогурт, а за овој е употребен токму таков. Дукатос Дивајн тофи и парчиња карамел има 5% маснотија и само 137 калории, а освен слатката киселост е многу сличен на крем млечните сладоледи.
Еве како да подготвите крем сладолед со само три состојки во кој ќе уживате без грижа на совест.

Рецепт за сладолед со кикирики и карамел
Состојки за 6. сладоледи:

3 Дукатос Дивајн јогурти со парчиња карамел
2 лажици мелени кикирики
6 реда млечно чоколадо
Подготовка:
1. Кикириките излупете ги или веќе купени несолени кикирики истолчете или иситнете во ќесе. Три реда чоколадо ситно исечкајте. Остатокот чоколадо ќе ви послужи како декорација.

2. Сечканото чоколадо и поголемиот дел кикирики измешајте ги во јогуртот. Смесата распоредете ја во клапите за сладолед и префрлете во замрзнувач на четири часа.
3. Истопете го остатокот чоколадо и малку изладете. Сладоледите извадете ги од калапите и натопете во чоколадото и наросете со кикирики.
Послужете веднаш или вратете во замрзнувач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ – 6. намирници кои е најдобро да ги јадете сирови за максимален здравствен бенефит!

Прочитајте која храна ја губи нивната хранлива вредност за време на термичката обработка… Постои храна …