Славните се колнат во јаболковиот оцет како тајна за виткост: Може ли навистина да помогне?

Доколку редовно ги следите страниците за фитнес, веројатно знаете дека многу познати личности тврдат дека јаболковиот оцет им помогнал да одржат витка фигура. Тие веруваат дека киселината од оцет е тајната за губење на тежината, па затоа ја додаваат во нивната исхрана и ја пијат секое утро на празен стомак.
Уште во 2017. година, Викторија Бекам беше првата што го популаризира оцетот од јаболко. Таа објавила фотографија на Инстаграм и напишала дека пиела две лажици на празен стомак. Тогаш истото го направила, две години подоцна и Ким Кардашијан, а, наводно, го консумираат Кети Пери и Џенифер Анистон.
Може ли оцет од јаболков навистина да ви помогне да изгубите тежина?
Некои истражувања покажалр дека јаболковиот оцет е ефикасен затоа што го намалува шеќерот во крвта, го потиснува апетитот и го забрзува метаболизмот. Бидејќи една лажица јаболков оцет содржи само три калории, дури не мора да се грижите за консумирање додадени калории.
Одговорот на прашањето дали јаболковиот оцет помага во губење на тежината, се обиделе да го добијат научниците кои 144 дебели возрасни Јапонци подвргнале на 12-неделно набљудување. Тие секој ден им давале јаболков оцет. Се испоставило дека изгубиле на тежина, пишува Healthline.


Друга студија во која 175 возрасни пиеле по две лажици јаболков оцет на ден открила дека ова довело до загуба од 1,3 килограми за три месеци.
Сепак, нема доволно докази дека јаболковиот оцет е докажано магична состојка.
„Истражувањата покажаа дека јаболковиот оцет помага во контролата на шеќерот во крвта што игра мала улога во слабеењето. Како и да е, повеќето луѓе го додаваат во салати или го пијат во чаша вода, така што поверојатно е дека тајната за губење на тежината е во здравата исхрана“, вели д-р Сали Нортон.
Како и за повеќето работи, треба да се биде внимателен со јаболковиот оцет бидејќи прекумерното внесување има последици. Киселината може да ги оштети забите.
Во крајна линија, јаболковиот оцет не е магичен пијалок кој гарантира губење на тежината, но може да биде дел од здравата исхрана доколку се конзумира во умерени количини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …