„Преправена“ виенска чоколадна торта

Никогаш доволно рецепти за десерти кои се подготвуваат брзо и едноставно, а воодушевуваат со вкусот.
Ова е рецепт за уште една варијанта за познатата виенска торта.
Состојки:
Кора:
8 јајца
150 гр шеќер
100 гр бисквити
50 мл шери
100 гр мелени лешници
100 гр чоколада за готвење
2 ванилин шеќери
За мачкање:
300 гр мармалад од кајсии
Глазура:
60 гр путер
1 јајце
200 гр шеќер во прав
100 гр чоколада за готвење
50 мл рум
Подготовка:
Во два сада ги делиме белките од жолчките.
Во садот со жолчките додаваме 75 гр. шеќер и 1 ванила.
Матиме додека шеќерот не се растопи.
Бисквитите ситно ги кршиме или сецкаме.
Лешниците ги мелиме.(може и во сецко – лешници и бисквити)
Белките ги матиме со 75 гр. шеќер и 1 ванила,додека да добиеме цврст снег.
Го исклучуваме миксерот и мешајќи со лажица ги додаваме разматените жолчки.
Се додаваат и’ бисквитите и лешниците.
На крупната страна од рендето го рендаме чоколадото за готвење и го додаваме во пандишпанот.
Калапот за печење го намрсуваме и набрашнуваме.
Го налеваме тестото за пандишпан во калапот и го ставаме да се пече во загреана рерна на 200 степени. Ќе проверувате кога е готово со чепкалка.
Печениот пандишпан го оставаме да излади а ние ја подготвуваме глазурата.
На пареа го топиме чоколадото кое претходно го искршивме на коцки.
Додаваме путер и мешаме со жица додека не се растопи.
Ја тргаме смесата од оганот и додаваме 1 јајце и 200 гр. шеќер во прав.
Пандишпанот го сечеме на 3 дела.
На чинија го ставаме првиот дел. Попрскуваме со рум, а потоа рамномерно премачкуваме мармалад од кајсии. Го ставаме следниот дел од пандишпанот и постапката ја повторуваме. Ја поклопуваме тортата со последниот дел од пандишпанот.
Вака наредена тортата ја прелеваме со глазурата.
Врз глазурата декорираме со листови од бадем.
Тортата оставете ја во ладилник да се стврдне глазурата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ – 6. намирници кои е најдобро да ги јадете сирови за максимален здравствен бенефит!

Прочитајте која храна ја губи нивната хранлива вредност за време на термичката обработка… Постои храна …