(ВИДЕО+ФОТО) СЕ БОРИ СО ИНФЕКЦИЈА – „КОРОНАТА Е КАКО ТОРНАДО, СЕ МИ ПАЃА ОД РАЦЕ И ПАЃАМ“: Водителот открил низ каква АГОНИЈА минува!

Ричард Квест со вирусот корона се заразил кон средината на април. Сепак, неговата кашлица се вратила, без предупредување и навидум без причина, рекол тој. Истото важи и за заморот. Тој истакнал дека е понесмасен од порано.
“Станав неверојатно несмасен. Би истакнал понесмасен од порано. Никогаш никој не ме нарекол грациозен, но мојата несмасност сега ја премина линијата. Ако одам да земам чаша или да извадам нешто од плакарот, стаклото веројатно ќе се скрши или ќе ми падне нешто. Изгледа дека делот од мозокот кој потсвесно ги прилагодува своите движења кога наидува на пречка не функционира. Мојот дигестивен систем е исто така оштетен“.
Не е важно дали ова се симптоми или нешто друго, додал тој, но тој не се чувствува целосно добро.
„Како и многу други, сега сфаќам дека живеам и страдам од формата на ’долгата опашка’ на вирусот ‘ковид-19’, форма на вирус кој се карактеризира со симптоми со месеци“, изјавил Квест за Си-Ен-Ен кусо време откако се заразил.
“Одеднаш забележав дека се чувствувам многу уморно и дека кашлам. Бев тестиран и еден ден подоцна добив информација дека сум позитивен”, рекол водителот и вирусот го опишал како торнадо.
„Кога ќе слета, се движи низ телото, предизвикувајќи хаос, збунетост, кашлање, оштетување на секој орган што ќе о допре“, рече тој.

Неговите први симптоми биле благи. Тој немал потешкотии при дишењето или губење на вкус или мирис. Тој бил видливо уморен и кашлал.
“Ковид кашлицата не е како вообичаена длабока кашлица (она што лекарите ја нарекуваат продуктивна кашлица). Многу е карактеристична. Тоа е сува, груба, рапава кашлица со отежнато дишење”, опишува водителот кој уште еднаш се тестирал на вирусот:

“Резултатите се негативни за вирусот и позитивни за антителата. Мојот лекар вели дека вирусот нема да се врати, но има денови кога мислам дека се врати. Јас бев болен минатата недела. Јас кашлав со денови, бев уморен. Постојано уморен. Се сопнав од стативот на камерата па паднав преку столот. Загрижен сум, но не правам паника. Се чувствувам малку подобро сега“, додал тој.
Ричард Квест ги предупредува сите што не се заразиле со овој вирус, да направат се’ за да го спречат тоа.
„Вирусот ќе помине низ телото, ќе направи рани на патот, а потоа кога ќе помислите ‘добро, фала му на Бога, го снема’, ќе сфатите дека штетата е широко распространета и ќе биде со вас долго време откако ќе помине кризата“, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …