ИЗЛОЖБА на СЛИКИ, ЦРТЕЖИ И ГРАФИКИ од колекцијата на „ОСТЕН МУЗЕЈОТ НА ЦРТЕЖ“

Родољуб АНАСТАСОВ | Виктор ВАЗАРЕЛИ | Илја и Емилија КАБАКОВ | КРИСТО | МицеЈАНКУЛОВСКИ | Пабло ПИКАСО | Пјер СУЛАЖ

Отворање: 11 јули (сабота) во 20 ч. | Поздравeн говор: г-ѓа Мила Царовска,вицепремиерка и г-н Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за култура при Владата на Република Северна Македонија

11 – 31 јули 2020 Галерија ОСТЕН | „Максим Горки“ 16а, Скопје | работно време: 10 – 14 ч.

  1. Родољуб АНАСТАСОВ, С. Македонија
    (365 цртежи во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – легат на уметникот)

Изложено дело:

Човек и простор, 1993, акварел, 57 x 40 см

  1. Виктор ВАЗАРЕЛИ, Унгарија / Франција

(94 цртежи, колажи, графики и објекти во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – дел легат на Тибор Чепеи / дел од пазарот на уметност)

Изложени дела:

Хекса 5, 1988, колаж, 70 х 90 см.

Тридем К, 1969, колаж, 90 х 70 см.

Раура, 1989, сериграфија, рачно потпишана и нумерирана E.A. 17/20, 86 х 76 см.

  1. Илја и Емилија КАБАКОВ, Русија / САД
    (484 авторизирани графички листови во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – легат на уметниците)

Изложени дела:

Избор од серијата цртежи „10 карактери“ создадена 1970 г., ексклузивна едиција авторизирани графики во тираж од 80 продуцирани 1994-1996 г.

  1. КРИСТО (Христо Јавачев),Бугарија / САД
    (60 цртежи и графики во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – од пазарот на уметност)

Изложени дела:

Портрет на господин Хох, Женева 1958, масло на платно, 73 х 54 см.

Порти (Централ парк, Њујорк сити, 1979-2005), 2003, литографија, рачно потпишана и датирана, 59 х 50 см.

Порти (Централ парк, Њујорк сити, 1979-2005), 2002, литографија, рачно потпишана и датирана, 59 х 50 см.

  1. МИЦКО Мице Јанкуловски, С. Македонија

(765 слики на платно, слики на стакло,цртежи и графики во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – легат на уметникот)

Изложено дело:

Круговите на Леонардо, 2020, серија од 10 слики, акрил на платно, 145 х 1450 см., секоја 145 х 145 см.

  1. Пабло ПИКАСО, Шпанија / Франција

(85 цртежи, графики и керамики во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – од пазарот на уметност)

Изложени дела:

Цртеж на првата страница до книгата „Постерите на Пикасо“, 1969, молив во боја, 35.6 х 26.7 см.

Цртеж со еротска сцена, 1968, туш на хартија, 15.7 х 25.3 см.

Цртеж со еротска сцена, 1968, туш на хартија, 30.3 х 21.2 см.

Цртеж со еротска сцена, 1968, туш на хартија, 25.3 х 15.7 см.

  1. Пјер СУЛАЖ, Франција
    (Портфолио со 12 авторизирани графички листови во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж – од пазарот на уметност)

Изложени дела:

Графичко портфолио од едицијата„Сликари на денешницата“, 1962, уредник: Фернан Азан, текст: Мишел Рагон, печатено во „Лекот“, Франција, 12 авторизирани графички листови, 36 х 28 см.

Повеќе за ОСТЕН и ОСТЕН Музејот на цртеж

ОСТЕН – институција од културата за музејска и галериска дејност, Скопје, С. Македонија – е активен во сегашноста и има планови за иднината.

Препознатлив бренд во областа на културата, уметноста и слободната креација уште од 1945 г., со искуство и влијание врз унапредувањето на културата и уметноста, ОСТЕН е одлична основа за проекти кои ги привлекуваат уметниците ширум светот, ја едуцираат пошироката публика и ги анимираат професионалците во уметноста (куратори, критичари, историчари на уметност, теоретичари…) – сите оние кои создаваат дела и продуцираат материјали кои ги документираат движењата во уметноста на времето во кое живееме.

Големи почитувачи на уметноста и пасионирани колекционери, луѓето кои со ентузијазам го водат ОСТЕН посветуваат големо внимание на новите трендови и уметниците во подем. Програмата на ОСТЕН ги вклучува Светската галерија на карикатури (основана 1969 г.), Биеналето на цртеж, Биеналето на наградени автори, Музејот на цртеж, како и галериски активности и програма за престој на уметници.

ОСТЕН Музејот на цртеж е основан со РЕЗОЛУЦИЈА потпишана од уметници од цел свет – соработници на ОСТЕН. Карактеристичен по својата посебност како единствен регистриран Музеј на цртеж во светот, ОСТЕН Музејот на цртеж во моментот брои повеќе од 13.000 дела од преку 3000 уметници од повеќе од 80 земји во светот! Постојаното зголемување на бројот на делата во колекцијата е обезбедено со единствениот концепт на музејот според кој колекцијата се обновува со нови уметнички творби по три основи: од наградените автори на ОСТЕН Биеналето на цртеж, од легати и донации, од пазарот на уметност

Во ОСТЕН  Музејот на цртеж се наоѓаат дела на најголемите уметници во светот, меѓу кои:
Пикасо, Вазарели, Дали, Миро, Мур, Сулаж, Крег, Абрамовиќ, Кристо, Величковиќ, Циуха, Фукс, Андерле, Борн, Рембрант, Де Кунинг, Делакроа, Пизаро, Тулуз-Лотрек, Алешински, Брак, Матис, Хартунг, Дикс, Ернст, Колвиц, Пенк, Такис, Кунелис, Бејкон, Хокни, Хамилтон, Калдер, Индиана, Ворхол, Лихтенштајн,…
како и дела од скоро сите значајни македонски уметници, меѓу кои:
Пандилов, Мартиноски, Аврамовски-Гуте, Чемерски, Хаџи-Бошков, Хаџи-Василева, Јанкуловски, Кондовски, Калчевски, Коџоман, Куновски, Личеноски, Манев, Мазев, Милјановски, Митриќевски, Наумовски, Перчинков, Ташковски, Темкова, В. Василев, Н. Василев, Шемов,…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …