Излезе нов број од списанието „МАКЕДОНИКА“

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, се објавени петнаесетина текстови тематски поврзани со Македонија. Владимир Јанев пишува за демографската состојба во Македонија од 18 до почетокот на 20 век, во кој се изнесени голем број демографски податоци за населението на Македонија од различни извори.  Во овој број се објавени и неколку текстови за значајни личности од македонската книжевна и културна историја на Македонија од  19 и 20 век, и тоа Славчо Ковилоски објавува  запис, односно прави своевиден портрет на Марко Цепенков, Дарин Ангеловски пишува за Григор Прличев, со посебен акцент на Прличевите препеви на Хомеровата Одисеја, Васил Тоциновски пишува за Кочо Рацин и изнесува некои нови и досега непознати податоци за Рацин, додека пак Мирче Нешовски пишува за Никола Јонков Вапцаров и за неговото поетско вознесение спрема Македонија.

Александар Симоновски прави анализа на паралелите меѓу АВНОЈ, Светосавскиот конгрес и АСНОМ во контекстот на прашањето на борбата за македонска државност, а Марјан Ивановски за македонското национално малцинство во Бугарија, осврнувајќи се на анализите на комисијата за меѓународни врски на ЦК на Сојузот на комунистите на Југославија и на СО на ССРНЈ во 1957 година.

Предраг Димитровски пишува за „тајната дипломатија“ за дедо Михаил (архиепископот Михаил), а Марја нИвановски пак за односот на организацијата ДООМ и на Драган Богдановски спрема другите емигрантски организации.

Во овој двоброј на „Македоника“ се објавени и повеќе британски документи Македонија а ко исе однесуваат на периодот 1903 – 1904 година. Објавени се два рецензентски осврта на Ана Витанова-Рингачева за две книги тематски поврзани со Македонија, како на еден осврт на младиот хрватски македонист Ивица Баковиќ. На крајот се објавени и куси библиографски податоци на нови публикации за Македонија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …