(ВИДЕО) Банана крем колач: Брз летен десерт без печење!

Ќе уживате во феноменалниот вкус
Состојки: 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 80 г шеќер, 6 ливчиња желатин, 300 мл слатка павлака, 4 – 5 банани, 200 – 300 г бисквити (зависи од тавата), 2 лажици мармалад од јагоди, 2 лажици вода, 80 – 100 г чоколадни трошки или рендано чоколадо.
Глазура: 100 мл слатка павлака, 100 г чоколадо за готвење
Подготовка: желатинот натопете го во вода да омекне. Во млекото ставете шеќер и пудингот па сварете. Во врелиот пудинг додајте го желатинот (прво малку исцедете го со раце), соединете и оставете да се излади. Покријте со прозирна фолија да не се направи коричка.
Бисквитите натопувајте ги во млеко па наредете еден ред во плех покриен со хартија за печење. Во помал сад загрејте 2 лажици вода и 2 лажици мармалад па ставете да се загрева. Третина од мармаладот нанесете преку бисквитите. Повторете ја постапката уште два пати – треба да има три реда биксвити намачкани со мармалад.
Изматете ја ладната слатка павлака па постепено додавајте го изладениот пудинг и матете се’ убаво да се соедини. Осум полни лажици од филот одвојте на страна и измешајте со чоколадни трошки, па со 2 – 3 лажици направете тенок слој преку бисквитите. Излупете ги бананите и наредете по површината, а нив намачкајте ги со останатиот фил со чоколадни трошки. Израмнете па истурете го остатокот изматен пудинг со слатка павлака.
Ставете да се лади еден час во фрижидер па на околу 30. минути во замрзнувач. Додека колачот е во замрзнувач во помал сад загрејте, но не до вриење 100 мл слатка павлака и истурете врз 100 г. искршено чоколадо. Убаво изматете неколку минути и полијте го колачот.
Вратете во замрзнувач уште половина час, па потоа префрлете во фрижидер до служење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДНЕВНА ДОЗА ЗДРАВЈЕ – 6. намирници кои е најдобро да ги јадете сирови за максимален здравствен бенефит!

Прочитајте која храна ја губи нивната хранлива вредност за време на термичката обработка… Постои храна …