АВАЛОН НАЈАВУВА: Херојот на нашето време, Дарко Рундек, конечно во Охрид – OPEN AIR

По ослободувањето „на границите“ за концерти АВАЛОН продукција со ново соопштение:
„После концертот на Амира Медуњанин задоволство ни е да ви го најавиме нашиот втор проект во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува.
Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.


Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност.
Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории:
ТРИБИНИ – 1.000 денари
ВИП – 1.500 денари
Останете во добро здравје и се гледаме на концерт!
Одиме понатаму,Авалон Продукција“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Објавена цела снимка од адвокатот на Трамп со раката во панталони, Борат грмел:„Таа има само 15. години!“

Продолжението на Борат од вчера е достапно на Amazon Prime, а на Твитер веќе се …