(ФОТО) ХРАБРА ДЕВОЈКА: Ја победила леукемијата и се враќа на кошаркарскиот терен!

Унгарската кошаркарка Ливиа Геребен го доби најважниот натпревар во животот.
Храбрата спортистка ја победи леукемијата и се враќа на кошаркарскиот терен.

Во изминатите 12. месеци Ливиа имала повеќе интензивни медицински третмани, вклучувајќи го и пресадувањето на коскена срж.

Девојката која го носеше репрезентативниот дрес на Унгарија на Европско првенство и имаше одлични настапи за својот клуб Сексард од страшната болест се разболела на почетокот на 2019 година, кога и била дијагностицирана леукемија.

View this post on Instagram

Step by step👣2️⃣3️⃣🧡

A post shared by Lívia Gereben (@gerebenlivi) on

По едногодишната битка Ливиа на радост на сите се враќа на кошаркарскиот терен. Сите биле воодушевени кога таа се појавила на собирот на репрезентацијата пред неколку дена. Иако се уште мора да ги почитува стриктните мерки препорачани од докторите, сите биле пресреќни што таа почнала да тренира.

View this post on Instagram

Basketball🏀, I really missed you❤️

A post shared by Lívia Gereben (@gerebenlivi) on

„Се чувствувам како да сум дошла дома. Бев толку возбудена што скоро и не можев да спијам. Многу сум среќна и радосна што повторно ќе ги видам соиграчките. Поради тоа што во последните 12. месеци не сум видела скоро никого“, изјавила Геребен.

Младата кошаркарка ќе им се врати и на клупските обврски,а клубот Сексард ја подржувал за време на целото лекување и таа сега потпишала нов договор.

View this post on Instagram

#dayslikethis😍❤️🐸

A post shared by Lívia Gereben (@gerebenlivi) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Починала Исидора Бијелица: Книжевничката имала 52. години!

Денес, на 52. годишна возраст,починала Исидора Бјелица. Бјелица починала во станот на нејзините родители во …