(ФОТО) МЛАДОСТ – Зачекорила во шестата деценија а изгледа ПОМЛАДА ОД ЌЕРКА И, па ја открила ТАЈНАТА на својот изглед!

Ли Су Јин има 51 година и живее и работи во Јужна Кореја како стоматолог, но поради тоа не станала позната низ целиот свет. Таа стана позната по младешкиот изглед и фотографиите што се шират низ целиот свет преку Инстаграм.
Луѓето се воодушевени од тоа колку изгледа млада, а некои, дури и во друштво на нивната ќерка, не можат да кажат која е помлада, која е постара. Нејзините фотографии кружат на азиските социјални мрежи, а потоа повторно ги пренесуваат светските и регионалните медиуми.
Поради нејзиниот младешки изглед, таа била наречена божица на вечната младост, пренесува Oddity Central. Кога пред неколку години се појавила во корејската ТВ-емисија „Same bad, different dreams“ (Исти лоши, различни соништа), таа открила дека создала профили на социјалните мрежи затоа што немала интеракција со луѓето, бидејќи нејзината ќерка престанала да зборува со неа после средното училиште.

Вниманието што таа го привлече, благодарение на младешкиот изглед, и донело задоволство и уживање, па затоа почнала да објавува уште повеќе фотографии и видеа. Во еден момент, нејзината ќерка наводно ја обвинила дека е зависна од „селфи“, но тогаш нивната врска се подобрила и сега тие често позираат заедно, а честопати луѓето мислат дека се сестри.

Некои рекле дека Ли е дури и вампир, додека други биле убедени дека таа имала пластична операција. Сепак, виетнамската веб-страница пишува дека таа никогаш не била под нож.
Клучот за нејзиниот младешки изглед, вели таа, е балансиран начин на живот, оптимизам и нега на кожата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ПОДАТОЦИ НА СЗО: Рекордни 505 000 нови случаи ширум светот за само 24 часа – најмногу од почетокот на пандемијата!

Повеќе од 505.000 нови случаи на коронавирус се регистрирани во СВЕТОТ во петокот, што е …