(ФОТО) И’ Нокаут на свирка, ама свирка на дистанца!

По одличната минатонеделна свирка на дистанца со Тамара, следува нова тура македонска музика – овој пат дружба со единствените Нокаут.


Пере и дружината ќе бидат дел од забавата под мотото Петочно дружење на растојание со ѕвездите на домашната музичка сцена во Intermezzo Music Bar од каде, пак, велат дека продолжуваат со серијалот притоа задржувајќи ја традицијата да бидат секогаш уникатни и поразлични од останатите, а со цел придонес и поддршка на домашните изведувачи во овие тешки времиња и неколкумесечна пауза заради корона кризата.

Најавениот анплагд концерт на Пере и Нокаут е закажан за утревечер, 10. јули, а бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца.
– Intermezzo Music Bar во целост беспрекорно ги следи, почитува и применува препораките на МЗ, а како организација која има задача да се грижи за расположението на нашите посетители, дава скромен, но веруваме значаен придонес и поддршка за домашните изведувачи. Само преку свесно и одговорно однесување можеме да ги надминеме пречките и да се вратиме кон здравствена и економска стабилност, насмеани лица и позитивни мисли. Продолжуваме да работиме со мотото – Сплотени можеме повеќе!, велат од единствениот музички бар во земјава.
Наскоро очекувајте нови имиња, нови детали и нови незаборавни вечери, затоа што најдобрите знаат како.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

4 работи со кои не смеете да претерате: Можат да влијаат на вашето здравје

Би се рекло дека сè што не е умерено може на некој начин да ни …