(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот.
Рентсенкхорло Буд е роден во Монголија а сега живее во Чикаго. Таа има 29. години, а се истакнува со нозете, кои се долги дури 134 сантиметри од колкот до петицата. Тоа е само половина сантиметар помалку од светскиот рекорд што го има 16-годишниот Меки Курин од Тексас, пренесува The Mirror.
Рентсенкхорло потекнува од високо семејство – нејзиниот татко е висок 208 см, а нејзината мајка 185.

Буд не ги крие нозете,туку сака да ги потенцира во шорцеви и високи потпетици. „Ги сакам нозете, мислам дека ме прават поубава“, вели тој.

Иако верува дека ги има најдолгите нозе на светот, таа вели дека не е заинтересирана да влезе во Гинисовата книга на рекорди, па затоа не планира да направи официјално мерење.

Но, поради нејзината висина, тој се соочува и со многу предизвици. Покрај тоа што и ја отежнува работата да најде облека и чевли, влезната врата е често премногу ниска за неа.

Нејзините фотографии станале вирални на Интернет и и’се укажала можност да се бави со моделинг. „Многу луѓе ме прашуваат дали сум модел и се чувствувам добро кога го слушам тоа“, вели таа. Буд вели дека во моментов работи како модел на скратено работно време а неодамна започнала да работи со бренд женски хулахопки.

View this post on Instagram

#행복한퇴근길 💞💞💞

A post shared by Renny🥰😘🤗 (@rentsenkhorloo_bud) on

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) 40. дена поради сепса била во кома и го видела „другиот свет“: Исповест на познатата новинарка Маја Жежељ и нејзиниот сопруг

Познатата белградска новинарка и водителка на Дневник на TV N1 Србија паднала во кома поради …