(ФОТО) ЗЛОСТАВУВАЊЕ – ДАЛИ ТАА ЖЕНА Е НОРМАЛНА? Младенка споделила шокантна преписка со свекрвата – ќе ви се згади на што ОВАА се осмелила!

Луѓето не веруваат во она што го читаат, свекрвата од пеколот во овој случај е премногу благ израз
Сценаријата во кои снаата и свекрвите имаат идилична врска се толку ретки така што за нивното ривалство кружат бројни вицеви. Но, она што и се случило на една невеста на денот на нејзината свадба, за жал, не е шега, туку загрижувачки показател дека се намерила на – свекрва од пеколот.
Една анонимна жена од Португалија во групата That’s It I’m Wedding Shaming (Срамота на свадба) на Фејсбук опишала како нејзината свекрва се однесувала на свадбата и добила многу сочувство од другите корисници.
На нејзината венчавка свекрвата дошла во црн фустан и веќе во стартот многумина изненадила. Непосредно пред тоа, таа одбила да и помогне на невестата со шминката, оправдувајќи се „дека прво мора да се грижи за себеси“.

„Се однесуваше како детиште“
На самата церемонија и последователното славење, мајката на нејзината новопечена сопруга се однесувала несоодветно, обидувајќи се да го привлече целото внимание кон себе, бесрамно флертувајќи додека нејзината ќерка и снаа се црвенееле од срам.
„Таа цело време се однесуваше како детиште и затоа се чувствувавме ужасно во текот на денот, па отидовме дома порано а јас само го соблеков фустан и го ставив во плакарот“, напиша разочараната невеста.

А потоа следел уште еден шок
Но, вознемирувањето на свекрвата не запрело на свадбата. Набргу потоа, таа побарала од снаата да и’ ја позајми венчаницата, иако била потешка околу 30 килограми а била повисока осум сантиметри повеќе од невестата, според чии пропорции фустанот бил скроен.
„Повеќе не се замарам со тоа, но сепак сум многу изненадена што таа го бараше фустанот што го носев тој ден, денот кога таа навистина го уништи“, рекла таа, додавајќи дека по венчавката двете не разговарале со месеци.
„Секогаш имав чувство дека мајката на мојата сопруга е многу посесивна и чудна. Постојано се натпреваруваше со мене за вниманието на нејзината ќерка“, се присетува невестата, објавувајќи ја дописката на нејзината сопруга со нејзината мајка за нејзината венчаница како доказ дека таа не била баш нормална.


Луѓето ја поддржуваат
Таа вели дека нејзината свадба била многу мала затоа што нејзиниот брат е хомофобичен, па на крајот не поканила никого, затоа што ако ги поканила другите, а него не, ќе имала проблеми со него до крајот на животот, пренесува Daily Mail.
Во коментарите, луѓето ја поддржуваа невестата, велејќи дека тоа е нејзин устан и може да направи со него што сака. „Дури и ако вашата венчаница би и одговарала, таа нема право на тоа“, рекле поголемиот број на членовите на групата на Фејсбук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КОВИД -19: 13. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ЈА ПОБЕДИЛА КОРОНА: Во Бразил 22. илјади новозаболени за 24. часа, со вирусот се избориле 13. милиони пациенти!

Во светот од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ се заразени повеќе од 20. милиони луѓе, …