(ФОТО) БУГАРИЈА – ИГРАЛ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНА И ЗАРАЗИЛ ЦЕЛ ПРОТИВНИЧКИ ТИМ: Сите ривали се во карантин како и четири негови соиграчи

Во времето на коронавирусот, кога сме бомбардирани со повици за претпазливост и одговорно однесување, Бугаринот Мартин Кавдански го одиграл мечот и покрај тоа што бил позитивен во тестот за Ковид-19.
Кавдански (33) игра како стопер за екипата на „Царско Село“ и за време на дуелот со тимот на „Црно Море“ од Варна, тој заразил дури 16. противнички фудбалери, а најновите тестови покажале дека има и четири позитивни на коронавирус меѓу неговите соиграчи.

Од лице во тие години би се очекувало да не направи таква, благо кажано, глупост, но Кавдански очигледно мислел дека вирусот не е ништо посебно.
Затоа целиот тим од Варна сега е во карантин, исто како и неговите заразени соиграчи, а во Бугарија се кренала многу прашина заради овој случај и прашањето какви казни трба да го чекаат Кавдански.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез …