„Соросовка, сатанист, лаже за своето потекло“: Политичар изнел бизарни тврдења за пејачката ѕвезда

Теориите на заговор ги следат поп-sвездите со години, од тоа дека извршиле самоубиство па компаниите ги заменуваат со клонови за да продолжат да заработуваат пари од нивната работа, до врски до сатанистичките и масонските кругови. Сепак, ретко се случува политичко лице да изнесува вакви тврдења, и тоа за толку моќна пејачка што јавноста, како и нејзините обожаватели, ја нарекуваат Матица.
Во текот на викендот, кандидатот за Конгрес, КВ Милер, направил бизарни тврдења преку Твитер, меѓу кои и дека Бијонсе е Италијанка, бидејќи, како што вели, „таа се обидува да ги намали расните разлики“.
„Бијонсе не е ниту Афроамериканка. Таа го фалсификува тоа заради поголемата изложеност. Нејзиното вистинско име е Ен Мари Ластраси“, вели Милер.


Тој потоа тврди дека пејачката е дел од програмата на Сорос за движењето „Black Live Matter” (Црниот живот значи). Тој дури и споменува дека некои текстови на нејзиниот хит филм “Formation“ од 2016 година содржи „сатански” стихови и претставуваат “тајна шифрирана порака до глобалистите”.
„Песната е јасно признавање дека е демонска и дека е обожавана во сатанистичките цркви во Алабама и Луизијана“, наведува Милер.
Милер исто така изјавува дека Бијонсе не била бремена со своето прво дете, што е повикување на теоријата на заговор од 2016. или 2017. година, во која се тврди дека Блу Ајви е всушност дете на сестрата на Бијонсе, Соланж, и дека заради угледот на сестрата во тоа семејство, било решено Бијонсе да го претставува детето на својата сестра како свое и ја фалсификува бременоста.
Некои тврдат дека профилот на кандидатот е хакиран, а Бијонсе не одговорила на тврдењата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(Рецепт) БРЗО ОПОРАВУВАЊЕ – ОВАА СМЕСА ЛЕКУВА ХОЛЕСТЕРОЛ, ДОКТОРИТЕ СЕ ЧУДАТ: Ќе се опоравите брзо, се е природно а состојките ги имате во вашата кујна!

Кога ќе се помеша со сок од лимон, магдоносот не само што ја стимулира циркулацијата, …