„Авалон“ најавува ексклузивен концерт на Амира Медуњанин во антички театар во Охрид на 9. август – за само 1.200 посетители!

Од Авалон продукција соопштуваат за првиот концерт што ќе го организираат според нови „короан услови“…

„Драги пријатели,

Огромно задоволство ни е да ви го најавиме првиот проект од концертите што ќе ги организираме овој август и септември под веќе изготвените и одобрени протоколи за организација на концерти во земјава.

Најголемата женска регионална ѕвезда во моментов, неверојатно квалитетната Амира Медуњанин, ќе одржи ексклузивен концерт во Македонија на 09-ти август и тоа на најубавата локација за оваа пригода, Античкиот театар во Охрид.

Капацитетот на Антички театар којшто е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители, поради Ваша заштита и почитувањето на протоколите превземени, за заштита од Ковид 19.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба исклучиво онлајн на аvalon.mk од среда (08.07) во 09 часот наутро, по следниве цени и категории:

ТРИБИНИ – 1000 денари

ВИП ПАРТЕР – 1500 денари

ВИП ТРИБИНИ – 1500 денари

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарече босанската Били Холидеј, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години.

Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ќе биде премиерно претставен пред публиката со неколку нумери.

Одиме понатаму,Авалон Продукција“

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) „Поудобно од порано“ – Првиот голем концерт со дистанца

Дали музичките концерти ќе изгледаат вака во иднина, се прашувале многу љубители на музиката кога …