Концертите се враќаат: „Да пробаме сите заедно да го спасиме ова лето во Македонија!“

„Драги пријатели,
Ова соопштение е наменето за Вас коишто сакате живот со музика, култура и убави нормални моменти.
Како што веќе објавивме минатиот понеделник, во договор со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, изготвивме протоколи под кои концертите се враќаат во Македонија.
Тие протоколи овозможуваат од една страна безбедно следење на концерти и културни настани, а од друга страна сепак и достоинствено да можат да се проследат истите. Ќе работиме во салите со 50 % од капацитетите, а публиката ќе носи заштитни маски.
Во тој контекст, Авалон Продукција подготви неверојатно квалитетна културна и возбудлива програма за месец август и првите две недели од септември, со неколку проекти коишто ќе се случат во Охрид, во Битола и во Скопје.
Оваа програма е подготвена и со тенденција годинава да останеме во Македонија, и сите да дадеме свој придонес туристичката сезона барем во нејзиниот последен летен квартал да не доживее катастрофа.
Авалон Продукција своите проекти ќе почне да ги најавува уште вечерва во 21 часот на ова исто место.
Ги замолуваме сите поддржувачи на музичкиот бизнис, сите поддржувачи на работата на Авалон Продукција, како и сите љубители на концертите во Македонија да го споделат ова соопштение, за да допре што повеќе и посилно!
Останете со добро здравје и секако вклучени на нашите страници“, пишуваат од Авалон продукција.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) И’ познатиот Антониот Бандерас има коронавирус: 60. роденден ќе го прослави во карантин!

Оваа посета на татковината, Шпанија, нема да му остане во добро сеќавање на Антонио Бандерас …