(ВИДЕО) „Бонбониера колач“: Врвен десерт а се подготвува без мака!

Ова е врвен десерт а се подготвува без мака – без варење и печење!
Состојки:
350 г бисквити
4 лажици мед
100 г шеќер во прав
100 г бело чоколадо
100 г црно чоколадо
240 г путер или маргарин
150 г чоколадно „смоки“
150 г чоколадо од бонбониера
Подготовка: бисквитите сомелете ги,додајте шеќер во прав, маргаринот стопен со белото чоколадо, медот и чоколадното смоки. Се’ убаво измешајте да добиете еднолична смеса.
Земете тесен длабок калап или за торта (по ваша желба), обложете со прозирна фолија и
нанесете 1/3 од смесата. Потоа наредете ги чоколадните бонбони.
Потоа повторно смеса, па чоколатциња и се’ покријте со смесата. Убаво притиснете ја
смесата и покријте со прозирна фолија па опрефрлете во фрижидер. Најдобро преку ноќ да
се стегне.
Извадете го колачот од фрижидер, отстранете ја фолијата и префрлете на чинија за служење.
Потоа полијте со истопеното црно чоколадо и украсете по желба.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОЛЕМ СИ ГОСПОДИ:Молитва на болен за негово исцеление!

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе и Ти ме исцели (Пс. 29:30) Господи, Исусе Христе, …