(ФОТО) Брз непечен колач

Состојки:
5 јајца
200 г. шеќер во прав
600 г. мелени бисквити
100 г. лешници (ореви, бадеми)
125 г. путер
200 мл. сок од праска (кајсија или слично)
10 чоколадни банани
Прелив:
100 г. црно чоколадо
малку масло
Подготовка:мелените бисквити полијте ги со сокот и измешајте. Додајте сечкани ореви. Белките одвојте ги од жолчките и во жолчките додајте го шеќерот. Садот ставете го на сад во кој врие вода и матејќи сварете густ крем. Тргнете на страна, изладете. Путерот изматете го пенесто, измешајте со изладениот крем и се’ заедно вмешајте во бисквитите.
Измешајте со раце а потоа половина од смесата ставете во калап за колачи обложен со прозирна фолија. Наредете ги крем бананите по должина и покријте со останатата смеса. Покријте со прозирна фолија, убаво притиснете со рака и префрлете во фрижидер добро да се излади.
Потоа калапот превртете го на чинија за служење, отстранете ја фолијата и колачот полијте го со чоколадна глазура.
Чоколадото истопете го на ниска температура, додајте малку масло, измешајте и полијте го колачот. По желба за украс истопете малку бело чоколадо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЖИВОТ ВО ЗАЕДНИЦА – 1.500 луѓе споделиле 12. клучни совети за среќен брак

Разговарајте за сè отворено, особено за она што ве боли… Кога се оженил, американскиот автор …