Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ објавена книгата „Корејски народни приказни“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Корејски народни приказни“ во избор, превод од јужнословенски јазици, прераскажување и с предговор на Киро Донев. Книгата, всушност, содржи триесет народни приказни, преданија и легенди.

Во предговорот приредувачот Киро Донев, меѓу другото, пишува:

„Корејската народна книжевност ја претставуваат некол­­ку познати епови и безброј сказни и легенди изник­на­ти во народот во текот на столетијата. Легендите, всушност, ја сочи­нуваат основата не само на корејската книжевност, туку и на корејската национална историја, бидејќи ги бележат сите настани, сите патила, сите настојувања на историскиот народ кон што подобар и посреќен живот, симнувајќи го од врат ропскиот синџир на освојувачите од север, исток и запад. Тоа е прикажано во сказните и легендите, во ликовите на луѓето – јунаците од народот, кои се подготвени во секој миг да си го жртвуваат животот за својата татковина.

Корејските легенди и митови имаат тесна врска со бајките, понекогаш дури е тешко да се утврди каде завршу­­ва легендата а каде започнува бајката. Во многу од нив е присутна и реалната историја на земјата. Затоа во кореј­скиот фолклор има многу приказни за првите позна­ти пред­ци, основачите на древните корејски држави. Митски­те ликови се претставени како полуисториски, полулеген­дар­ни вла­де­тели или херои на Кореја… Во книгава е опфатен само мал дел од народ­ното книжевно творештво од корејската култура и уметност – само народните сказни, приказни и преданија. Ова книга ни го отвора светот на древната корејска тради­ција. Таа е книга за сите возрасти – како за децата, така и за нивните родители, баби и дедовци.“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „МАКЕДОНИКА ЛИТЕРА“ објавена книгата „Вовед во кинеската култура“

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве ја објави книгата „Вовед  во кинеската …