(ВИДЕО) Дали тука некогаш ЌЕ ИМА ЖИВОТ: Погледнете спектакулана снимка на КРАТЕР ПОЛН СО ЛЕД на Марс!

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од површината на овој кратер направен со стерео камера со висока резолуција за да се создаде 3Д приказ…
Европската вселенска агенција објави спектакуларна слика на кратер на Марс што може да овозможи човечко населување и да биде извор на вода за човечка колонија ако некогаш се формира на соседна планета. Кратерот „Королев“, исполнет со мраз, беше снимен од воздух.
Неверојатното видео е всушност мозаик од слики на површината на овој кратер направен со стерео камера со висока резолуција со цел да се направи 3Д дисплеј, пренесува RT.
Кратерот „Королев“ се наоѓа во северниот дел на Марс и е исполнет со мраз во текот на целата година, бидејќи е природна „стапица“ која го штити мразот од топење а длабок е околу два километри.
Кратерот е именуван по Сергеј Павлович Королев, главен советски инженер за ракети и дизајнер на летала, познат и како „татко на руската вселенска технологија“.
Благодарение на неговата работа, Советскиот сојуз го испрати првиот сателит во орбитата во 1957. година и Јуриј Гагарин во вселената во 1961. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Неготинчани појаки од короната: Одржан традиционалниот Џез фестивал „Jazz 1440“ – Неготино 2020

Синоќа во Неготино, под покровителство на центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ се одржа традиционалниот џез …