(ФОТО) КОРОНА БОГАТАШИ: Британска брачна двојка за два месеци заработила 30. милиони фунти!

Додека светот се бори со корона вирусот има луѓе кои добро заработиле на мерките за спротивставување на вирусот…
Британската брачна двојка Ендрју и Рејчел Монтаг заработиле неверојатни 30. милиони фунти за нешто повеќе од два месеци, пишува The Sun.
На почетокот на карантинот во Велика Британија, тие ја отвориле фирмата ClearWater и започнале да тргуваат со средства за дезинфекција. Тие произведувале 900.000 литри средства неделно, а веднаш штом започнале со работа, побарувачката за нивните производи била голема.

You needed them… we scoured the earth and found them. Push Pump dispensers are now available for our 250ml, 330ml & 500ml bottles.#ppe #returningtowork #nursesweek #sanitiser

Gepostet von ClearWater Hygiene Ltd am Mittwoch, 13. Mai 2020

Велат дека сакале да ги понудат производите по пристојна цена, откако виделе луѓе на кои им продаваат шишиња за 30 фунти.
„Сакавме да понудиме производи со висок квалитет по разумни цени и да го намалиме увозот на средства за дезинфекција од други земји“, рекол Ендрју.
„Се’ започна кога еден член на семејство не контактираше со идеја на почетокот на март. Веднаш се согласивме и се фрливме на работа“, додал тој.
Со текот на времето, тие склучувале договори со клиенти и успеале да го прошират пазарот. Одредени средства за дезинфекција биле донирани на медицинскиот персонал низ целата земја.
“Сето тоа се случи многу брзо. Јас бев воодушевен што луѓето ја препознаа нашата работа”, заклучил Ендру.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за четврток, 06.08.2020: Во љубовниот живот, работите можат да бидат подобри, доколку делувате возбудливо или доволно инспиративно…

Овен Љубов: Се грижите без никаква вистинска причина, партнерот не сака да ги довери своите …