(ФОТО) Водител во Нов Зеланд вулгарно го навредувал Новак Ѓоковиќ: Фановите му одговориле на социјалните мрежи!

НОВАК ЃОКОВИЌ и контроверзниот Адрија тур и натаму се предмет на дебата низ целиот свет. Критиката продолжува да доаѓаат.

Бројни поранешни и активни тенисери и медиумите го напаѓаат Ѓоковиќ затоа што со својата несериозност го довел во прашање остатокот од тениската сезона, а Џон Кембел, водител на националната телевизија во Нов Зеланд, отишол најдалеку во неговите критики.

За време на прилогот за закрепнувањето на српскиот тенисер од коронавирусот, Кембел го навредил Ѓоковиќ со вулгарен речник.
„Новак Ѓоковиќ е к*р“, рекол водителот, по што реагирале фановите на светскиот број 1 на социјалните мрежи и го нападнаа Кембел.

Извесет Стефан му се обратил директно на водителот и го прашал со кое право го навредувал Ѓоковиќ на националната телевизија, нарекувајќи го „к*р“.
„Ова е страшно непрофесионално од вас. Ѓоковиќ е инспирација, голем хуманитарец и идол на милиони ширум светот!“, напишал Стефан на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако …