Формула 1:Првата пол позиција оваа сезона за Валтери Ботас

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред австриското Гран При, со кое стартувагодинешниот шампионат на Формула 1…
Финецот го надмина својот тимски колега, Луис Хамилтон, за 12 илјадитинки на патеката „Ред Бул ринг“, додека трет на стартот ќе биде Макс Ферстапен од Ред Бул.

Првите квалификации во сезоната донесоа изненадување бидејќи бранителот на титулата беше најбрз во сите три слободни сесии за вежбање. Сепак, во решавачкиот дел од квалификациите, Ботас постави исклучително брз круг, релативно рано, и иако Хамилтон се обиде да го надмине, тој изгуби клучни илјадитинки во последниот сектор. Сето тоа се случи затоа што Финецот излета од патеката, но без поголеми последици.

Другите возачи не можеа да ги загрозат двајцата од Мерцедес, а тоа го поддржува фактот дека Ферстапен беше 538 илјадитинки зад Ботас на третата позиција. На младиот Холанѓанец ќе му се придружи во втората почетна линија од возачот на Мекларен, Ландо Норис, Александар Албон ќе биде петти во вториот Ред Бул, додека возачот на Рејсинг Поинт,а Серхио Перез, го има шестото време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако …