ММА: Таткото на Хабиб умрел од корона вирус

АБДУЛМАНАП НУРМАГОМЕДОВ, татко на борецот на УФЦ Хабиб, починал на 58-годишна возраст во Москва од компликации поврзани со коронавирусот, пренесува Russian Times.
Светски познатиот експерт за ММА во април имал проблеми со белите дробови, но одбил да биде тестиран за коронавирус. Кога неговата состојба се влошила, тој бил префрлен од Дагестан во Москва, каде му бил дијагностициран коронавирус. Неколку дена подоцна доживеал срцев удар и морало да му биде извршена итна операција.
По постапката, тој бил сместен во индуцирана кома од која неодамна се разбудил, само да ја изгуби битката денес со компликации поврзани со последиците од срцев удар и коронавирус.
Абдулманап го тренирал Хабиб во текот на целата негова ММА кариера во која тој нема ниту еден пораз, неговиот татко во семејната куќа направил сала за тренирање, а бил експерт за борење и руски самбо боречки вештини.
Иако не можел да добие виза и да патува на борбите на Хабиб во САД, Абдулманап му бил најголема поддршка и тој и неговиот син беа во одлична врска. Хабиб честопати објавувал фотографии со својот татко и редовно го истакнувал како најважен човек во неговата кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РК Бор од Србија е новиот предизвик за Јована Софковска

Поранешната ракометарка на Металург, Вардар и Лихнид, Јована Софковска, кариерата ја продолжува во Србија, откако …