Зидан се огласил за најавата дека Меси заминува од Барселона

Најслушаното шпанско радио Cadena Ser синоќа објавил ексклузивна информација дека Лионел Меси ги прекинал преговорите за нов договор со Барселона.
Договорот на Меси со Барса му истекува на 30.јуни 2021. година, па според сите прилики во клубот чиј симбол е, најдобар стрелец и играч во историјата после 20. години може да се случи да си замине и тоа шест дена после 34. роденден.
„Меси е огорчен со ситуацијата во клубот, на сите нивоа и одлучил да ги прекине преговорите за продолжување на договорот, ќе одигра уште една сезона, колку што го врзува договорот со Барселона, и ќе си замине“, било објавено на полноќ во емисијата Larguero.
Откако ги слушнал гласините, заминувањето на Меси од Барселона го коментирал и тренерот на Реал, Зинедин Зидан.
„Не знам што се случува, но се надевам дека Меси ќе остане во Барселона. Јас го сакам само најдоброто во оваа лига“, рекол Французинот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Постигнал гол за ТВ шпици од речиси половина терен откако издриблал еден играч!

Фудбалерот на Порта направи потег што со години ќе се емитува на ТВ -емисиите во …