(ВИДЕО) Тибетантскиот духовен водач објави нова песна!

Тибетскиот духовен водач Далај Лама објави нова песна наречена „”One of My Favorite Prayers” (Една од моите омилени молитви), којашто е втора објавена песна од неговиот се уште необјавен прв духовен албум си мантри и вежби.
Албумот „Внатрешен свет“ (Inner World) ќе биде објавен на 6. јули, на роденденот на Далај Лама. Издавач е продуцентската куќа Hitco Entertainment/Khandro Music, а проектот е замислен од продуцентката Џунел Кунин, инаку ученичка на Далај Лама. Идејата за снимање на албумот е нејзина и е од 2015 година.
„Целта на мојот живот е да им служам на луѓето колку што можам, а музиката и мелодијата можат да им помогнат на луѓето во тоа што јас не можам лично“, изјави духовниот водач.
Песната, односно молитвата, е изрецитирана на англиски јазик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ИСКУСТВА ОД ОДМОР ВО ТУРЦИЈА – Убавата манекенка објавила фотографија со крваво лице:„Не сакам да молчам, не претепаа!“

Украинската манекенка Дарија Кирилиук (24) тврди дека била претепана од чуварите на плажата Момо во …