(ВИДЕО) СРЕЌЕН КРАЈ – Момче,на патот до школо, исчезнало во Рим пред 8. години на патот до школо: Најден преку ТВ емисија, со кучето живеел на улиците на Ѓенова!

После 8 години во Италија е пронајдено едно момче, сега млад човек, кој исчезнал во мај 2012. година
Фернандо Василе, кој живеел со својата мајка во предградието на Рим, имал 16. години кога исчезнал на пат од училиште до дома и немало никаква вест за него осум години, и покрај потрагите на полицијата и карабиниерите, пишува дневниот весник Авенир.
Минатата недела популарното шоу на телевизијата РАИ „Кој го виде“ (Chi la visto)) емитувало прилог, на барање на семејството, за исчезнат млад човек, со слика од него кога тој сè уште бил тинејџер.
Редакцијата добила десетици извештаи дека младиот човек е виден во Ѓенова, а сопственикот на продавница, кој го препознал, ја известил редакцијата за точната локација на младиот човек.


Утврдено е, пишува Авенире, дека Фернандо живеел како бездомник во различни делови на Италија сите овие години, а во последно време во Ѓенова, каде што живеел со своето куче на отворено во центарот на градот.
Оние кои го препознале тврдат дека тој бил мирен и љубезен, дека не пиел ниту земал дрога и дека луѓето му носеле храна за него и за кучето.
Откако бил пронајден, сега 24-годишникот бил однесен во куќата на неговиот чичко кој живее недалеку од Ѓенова.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …