БУФОН: „Се враќам во средно школо – родителите 30. години ме ‘гњават’ поради тоа!“

ЃАНЛУИЏИ БУФОН откри во интервју на Инстаграм што ќе прави кога ќе ја заврши кариерата.
Живата легенда на италијанскиот и светскиот фудбал неодамна го продолжи договорот со Јувентус и активно ќе игра фудбал до следното лето. Буфон сака да стане рекордер во Серија А по бројот на настапи, а во моментов го дели првото место на тоаа листа со Паоло Малдини.
Двајцата одиграале дури 647. натпревари, а Буфон ќе го прескокне својот поранешен колега на националниот тим овој викенд во градското дерби со Торино. Кога ќе замине во пензија следното лето, Буфон ќе има 43. и пол години и не планира да игра фудбал веднаш.
“Кога ќе завршам кариера, ќе земам една година одмор за да бидам со семејството. Ќе се вратам во средно училиште и ќе го завршам петти клас затоа што моите родители ме гњават веќе 30 години. Три работи во животот ме прават среќен. Односот со сопругата и семејството, мојата работа и можност да научам нешто ново во животот. Нив ќе ги има уште повеќе кога ќе ја завршам кариерата“, рекол Буфон.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАДАЛ ИСКРЕНО! Ова е вистинската причина поради која Шпанецот не сака да ја брани титулата на УС Опен!

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, објасни зошто нема да учествува на Отвореното првенство на Соединетите …