(ФОТО) ШТО БИ ДАЛЕ ДА СТЕ НА НИВНО МЕСТО: Во Чешка луѓето со забава се збогуваа од коронавирусот

Организаторите на настанот велат дека со прославата сакаат да одбележат крај на кризата предизвикана од епидемијата и дека сакаат да покажат дека луѓето не треба да се плашат од дружба.
Неколку илјади граѓани на Чешка се собраа на „Карловиот мост“ во Прага каде организираа „симболична забава за збогување“ со COVID-19, пренесе BBC.

Учесниците на забавата, која се одржа вчера, со себе носеле храна и пијалаци кои меѓусебно си ги делеле, пренесе BBC.

На забавата не се почитувале мерките за социјална дистанца, а организаторите изјавиле дека прославата е организирана во текот на периодот во кој нема туристи. За добриот амбиент се погрижиле локални музичари и улични свирачи.


Организаторите на настанот велат дека со прославата сакаат да одбележат крај на кризата предизвикана од епидемијата и дека сакаат да покажат дека луѓето не треба да се плашат од дружба.

„Сакаме да го прославиме крајот на корона-кризата со средба и без страв од средби. Општеството не треба да е исплашено. Инаку, ќе имаме економски кризи, депресија и тоа ќе биде потежок удар од COVID-19“, вели организаторот Ондреј Кобза за AFP.


Козба е познат по тоа што на улиците во Прага постави пијано и маси за шах на локалниот плоштад.

Во Чешка од коронавирусот заболеа околу 12.000 луѓе, а 350 починаа. Минатата недела владата на Чешка дозволи собири до 1.000 луѓе, отворање на базени, музеи, зоолошки градини и галерии.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …