(ФОТО) Торта со „заборавени“ наполитанки

Одлична идеја ако имате преостанати наполитанки кои сте ги заборавиле…
Состојки:
Кора:
4 белки
4 лажици шеќер
5 лажици мелени лешници
1 лажица брашно
Фил:
4 жолчки
2 ќесички пудинг од ванила (или од лешник)
700 мл. млеко
250 г. шеќер во прав
250 г. маргарин
150 г. мелени наполитанки со вкус на лешник (или ситно сечкани да крцкаат при јадење)
100 г. чоколадо за готвење (топено)
100-150 г. чоколадо за готвење
3 – 4 лажици масло
Подготовка: кори: белките матете ги во цврст снег, па постепено додадете го шеќерот и продолжете со матење додека не се истопи.Додадете ги мелените лешници и брашното и убаво соединете.
Калап,со пречник 25 см.,обложете го со хартија за печење, истурете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени додека кората не добие златно-црвена боја.
Во сад ставете 500 мл.млеко, додадете половина од шеќерот во прав и оставете да зоврие. На страна, изматете ги преостанатото млеко, жолчките и пудинзите. Додадете во зовриеното млеко и варете на умерена температура додека згусне,при тоа мешајќи без прекин.
Посебно, изматете го маргаринот и преостанатиот шеќер во прав. Соединете со оладената пудинг смеса. Филот поделете го на два дела. Во првиот дел додадете ги мелените наполитанки а во другиот стопеното чоколадо.
Кората прво премачкајте ја со филот од наполитанки и врз неа нанесете го филот со чоколадо. Израмнете и прелијте со чоколадна глазура.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОЛЕМ СИ ГОСПОДИ:Молитва на болен за негово исцеление!

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе и Ти ме исцели (Пс. 29:30) Господи, Исусе Христе, …