(ФОТО) Мафини полнети со крем: Неодолив вкус на кокос!

Подготовката на овие мафини нека биде весела активност за целото семејство. Сигурно ќе се забавувате, а на крај ќе уживате во превкусните колачи…
Состојки:
Мафини:
250 брашно
1 кесичка пудинг со вкус на чоколадо
1,5 лажица какао
1/2 кесичка прашок за печиво
50 г кокосово брашно
75 г црно чоколдо
120 г шеќер
1 јајце
120 мл масло
100 г кисело млеко
125 мл јогурт
60 мл млеко
малку рум (не е задолжително), или ванила
Крем:
150 мл млеко
30 г кокосово брашно
35 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажица (рамна) брашно
20 г путер
Подготовка:крем до кокос: кокосот, двата вида шеќер и брашното измешајте ги и разматете во малку млеко. Остатокот млеко ставете го да зоврие и во него истурете ја смесата со кокос, варете додека не се згусти.Тргнете од ринглата и оставете малку да се излади. Во млакиот крем додајте 20 г путер и се’ убаво соединете.Оставете да се излади.
Мафини:истопете го чоколадото и оставете малку да се излади.Јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер убаво изматете ги. Додајте ги истопеното чоколадо и рум и добро измешајте. Додајте масло, кисело млеко и јогурт и измешајте. Во посебен сад измешјте ги брашното, пудингот и печивото па додајте во смесата. Лесно измешајте да се соединат состојките. На крај додајте го кокосовото брашно и се’ изедначете.
Во калап за мафини ставете хартиени корпички. Во секоја корпичка прво ставете малку смеса за мафини, колку да се покрие дното. Потоа 1 лажичка од кремот со кокос и повторно смеса за мафини. Печете околу 20 – 25. минути во рерна загреана на 180 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ГОЛЕМ СИ ГОСПОДИ:Молитва на болен за негово исцеление!

Господи, Боже мој, повикав кон Тебе и Ти ме исцели (Пс. 29:30) Господи, Исусе Христе, …