ПРОПИСИ – ГО ПРЕБРОЈУВАЛЕ СЕКОЈ ГОСТИН: Поради 17. капачи вишок затвориле плажа во Атина – Газадата мора „дебело“ да плати!

Поради непочитување на здравствените протоколи и мерки, плажа покрај Атина и три барови до плажата биле затворени.
Затворањето е пропишано на 15. дена, додека сопствениците ќе платат казна од 7.000 евра за непочитување на лимитот на бројот на гости.


Според здравствените протоколи во Грција, донесени поради пандемијата на вирусот „Ковид-19“, плажите треба да работат со ограничен број посетители, а во времето кога надлежните ја извршиле контролата, на плажата имало 237. лица, односно 17 повеќе од дозволената 220.


Менаџерите на плажата тврдат дека ги почитувале мерките, а во жалбата што ја доставиле, тие наведуваат дека на самата плажа има делови на кои што може да се влезае а да се избегне централниот дел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Налеј, Налеј“, љубовна приказна која ги руши сите рекорди

Спотот за водечката нумера на серијата „Македонија“ – “Налеј, налеј“ која ја доживеа својата промоција …