НЕВЕРОЈАТНА СНИМКА: Жена родила среде паркинг – не стасала до породилиштето!

Сузан Андерсон не можела да почека да дојде во породилиште. Додека со сопругот Јозеф возеле кон болницата Сузан добила болки, а нетрпеливото бебе сакало да се роди што е можно поскоро.
Кога парот од Флорида пристигнал во болницата, Сузан започнала да се породува веднаш откако излегла од автомобилот. Сè е снимено од камерите на паркингот, па видеото се појави во јавност. Тоа покажува како Сузан се наведнува додека сопругот ја држи, а акушерката го прима бебето во раце.
„Ние само направивме еден чекор и главата веќе излегуваше“, рекла бабичката која и помогнала на Сузан.

Инаку, ова и било второ породување на Сузан. Пред неколку години, таа родила бебе девојче кое сега има помала сестра, Џулија, но овој пат сè поминало многу побрзо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотки на девојка станале хит на интернет бидејќи ги има НАЈДОЛГИТЕ НОЗЕ на светот!

Девојка од Монголија е висока 205 сантиметри и ги има вторите најдолги нозе на светот. …